MasterCard го отвора својот прв Европски центар за сајбер-безбедност, соработувајќи со телата за спроведување на Законот и креаторите на политики за подобрување на размената на разузнавачки податоци и борба против заканите за платниот екосистем во регионот.
Центарот е сместен во Ватерло, Белгија, во европското седиште на Мастеркард, и е првиот од ваков вид изграден надвор од Северна Америка.
Овој инструмент ќе служи како единствен центар за компјутерска безбедност за регионот, во соработка со разни национални центри за сајбер разузнавање, индустриски групи, агенции за спроведување на законот и централните банки низ цела Европа, вклучувајќи ги ЕЦБ, ЕЦЦФИ, Европол, ФС-ИСАК, Интерпол, NBB и британскиот NCA и NCSC.
Финансиските услуги секогаш ќе бидат на врвот на целната листа на напаѓачите заради огромните множества податоци за клиентите и акредитивите под наша одговорност – вели Хавиер Перез, претседател на компанијата „Мастеркард Европа“.
Нашиот европски центар за сајбер-безбедност ја зајакнува соработката меѓу клучните организации, помагајќи бизнисмените, стопанствениците и поединците да се чувствуваат безбедно кога споделуваат информации преку интернет.
Привремениот центар на Mastercard ќе започне да функционира од оваа пролет.