Шефот на Тесла, Илон Маск, вели дека производителот на електрични автомобили ќе започне да произведува и користи хуманоидни роботи од следната година.
Маск соопшти дека роботите прво ќе ги користи Тесла, која ќе почне да ги продава во 2026 година.
-Тесла ќе има навистина корисни човековидни роботи следната година коишто ќе се користат за внатрешните произведствени потреби на компанијата. Се надевам дека ќе почнеме со масовно производство за другите компании од 2026 година – истакна Маск.
Соопштението дојде кога технолошкиот милијардер се залага за намалување на трошоците во Тесла во услови на слабеење на побарувачката за нејзините автомобили.
Компанијата објави дека профитот се намалил за речиси половина за трите месеци до крајот на јуни, паѓајќи од 2,7 милијарди долари (2,09 милијарди фунти) на помалку од 1,5 милијарди долари (1,16 милијарди фунти), бидејќи падот на продажбата влијаеше врз крајна линија.