ПОВЕЌЕ

    Марика Караџова во пензија, Марина Симоноски нова директорка на „Европа“

    Време зa читање: 2 минути

    Марина Симоноски ќе раководи со скопска „Европа“ од позиција на вршител на должноста директор и извршен член на Одборот на директори. Раководната функција ја презема од досегашната директорка Марика Караџова, која заминува во пензија.

    Известувањето за промената е објавено на Македонска берза:

    „Акционерско друштво, фабрика за чоколади, вафли и бонбони ЕВРОПА-Скопје известува дека поради пензионирање на генералниот извршен директор Марика Караџова, на седница на Одбор на директори за Вршител на должност –  ВД Извршен член  на Одборот на директори – ВД извршен директор со мандат до одржување на Годишно собрание на акционери го назначи лицето Марина Симоноски“.

    Минатата 2023 година ова акционерско друштво ја заврши со нето-добивка од близу 543,5 илјади евра. Освен за дивиденда, дел од парите – 356,7 илјади евра се издвоени како нераспределена добивка.

    Во првото, пак, годинешно тримесечје добивката ја зголеми за 134 насто споредено со истиот лански период, кога имаше пад од 68,5 отсто. Се работи за 14.594.000 денари или речиси 237 илјади евра, наспроти минатогодишните 6.242.000 денари, односно нешто над 101 илјада евра.

    Скопска „Европа“ е една од најстарите компании во кондиторската индустрија на Балканот. Датира од 1882 година и успешно опстојува веќе 142 години. Работи по најсовремени методи и стандарди и остварува производство од околу 5.000 тони годишно, кое завршува на домашниот и на над 26 странски пазари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично