ПОВЕЌЕ

    Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

    Време зa читање: 3 минути

    Макстил е новиот стратешки партнер на СОС Детско село и станува клучен поддржувач на една од згрижувачките куќи, која ќе го носи името на компанијата. Со потпишувањето на договорот меѓу компанијата и организацијата, Макстил започнува стратешка соработка со СОС Детско село, а кумството на куќата ќе значи поддршка на петте деца заедно со нивната згрижувачка. Донацијата за СОС Детско село, произлегува од долгорочната стратегија на компанијата за активна грижа за ранливи групи и придонес за подобрување на нивната добросостојба.

    „Влегувањето во ова стратешко партнерство со СОС Детско село значи надградување на нашата општествено одговорна улога и нашето влијание во создавањето  позитивни промени. Да се биде клучен поддржувач на згрижувачка куќа од СОС Детско село значи да се прифатат вредностите што оваа организација ги застапува, да се поддржат напорите за создавање семејство и семејна грижа за секое дете. Макстил како компанија заедно со своите вработени, целосно ја прифаќа одговорноста да бидеме главен помагач и пријател на ова семејство и со тоа да ги пренесеме најважните семејни вредности, заедништво, грижа и создавање топол дом за децата кои живеат во кумската куќа. Со ова партнерство, истовремено ги поттикнуваме и мотивираме истите релации и меѓу нашите вработени и партнери и иницираме пошироко позитивно влијание во зацврстување на традиционалните семејни вредности“, изјави Марија Дуковска-Павловска, генерална директорка на Макстил.

    Во куќата за која ќе се грижи Макстил се сместени 5 деца заедно со нивната згрижувачка. Донација во голема мера ги покрива потребите на семејството и одржувањето на куќата во текот на една година.

    „Во минатата година СОС Детско село поддржа над 700 деца и млади без родители и родителска грижа или во ризик да ги изгубат своите родители, згрижувачки семејства и семејства во социјален ризик. Нашата континуирана грижа и работа со овие ранливи групи е поддржана од многу чинители од нашето општество меѓу кои и се многу компании кои се насочиле и делуваат во оваа област на општествената одговорност. Среќни сме што денес го прошируваме нашето СОС семејство со нов стратешки партнер – Макстил, една од најуспешните компании во Македонија, партнер кој ќе обезбеди  финансиска поддршка за континуирана грижа на една куќа во безбедна и сигурна средина каде децата ќе можат да имаат среќно детство и правилен раст и развој. Поддршката на оваа ранлива група бара голема сила и издржливост да се решат и надминат многу предизвици со кои се соочуваат децата; бара одржливост на нашата секојдневната континуирана поддршка за тие деца да израснат во самостојни млади луѓе, одговорни членови на нашето општество. Токму ваквите партнерства ни даваат сила и издржливост да продолжиме напред и да менуваме животи  и веруваме дека нашето партнерство со Макстил ќе овозможи заеднички да создаваме посилни заедници и можност за развој и заштита на децата без родителска грижа“, истакна Јулијана Накова Гапо, при потпишувањето на договорот нагласувајќи го значењето на поддршката.

    Општествено одговорните практики на Макстил се во суштината на компаниската долгорочна деловна и развојна стратегија и нивното влијание се протега од подобрување на состојбите во јавното здравство со континуирани донации, создавање содржини за здрав детски развој во локалната заедница, иницирање проекти за засилување на заштитата на животната средина.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично