ПОВЕЌЕ

    Макстил ги едуцира основците за намалување и рециклирање на создадениот отпад како дел од проектот „Инвестираме во нашата планета“

    Време зa читање: 3 минути

    Во единаесет основни училишта во Општина Гази Баба, вработени од Секторот за заштита на животната средина од Макстил ги едуцираат учениците од четврто одделение за рециклирање на создадениот отпад. На учениците преку интерактивен метод и со показни средства им се објаснува процесот на загадување со пластика, хартија и стакло, важноста на рециклирањето, процесот на рециклирање, опасностите од загадување со создадениот отпад по растителниот и животинскиот свет, а посебно за човекот.

    Едукацијата на основците на тема „Учиме да се грижиме да ја заштитиме животната средина и да го намалиме и рециклираме создадениот отпад“ е дел од проектот „Инвестираме во нашата планета“ со којшто се опфатени повеќе активности поддржани и иницирани од Макстил, а поврзани со заштита на животната средина. Целта на проектот е да се пренесе знаењето за предностите од намалување на отпадот и неговото рециклирање уште од мала возраст и да се алармира за потребата од едукација за значајноста на екологијата во пошироки размери.

    „Заштитата на животната средина, рационалната употреба на природните ресурси и рециклирањето се дел од стратешките начела на Макстил. И токму како активен поддржувач на концептот на циркуларна економија го започнавме овој проект, со намера преку едукација на младите да им пренесеме вредни знаења и информации за заедничката улога во спречување на загадувањето, посебно со пластиката, стаклото и хартијата како најголема закана по целокупниот екосистем на нашата планета. На овој начин веруваме дека ќе го зголемиме и прошириме нашето влијание со подигнување на свеста и знаењата за неопходноста од рециклирање што поскоро. Освен со едукација на младите, овие наши начела, продолжуваат и со заложбите за заштита на локалната животна средина во форма на конкретни акции за чистење и раззеленување со што симболично ќе го одбележиме Денот на планетата Земја и со коишто како компанија придонесуваме за одржување на поздрава и еколошка животна средина“, велат од Макстил.

    Ваквиот начин на едукација досега се покажа како ефективен, интересот на учениците е голем со што се полесно ја прифаќаат идејата за личното влијание и придонесот кон исполнување на еколошките цели. Со проектот се опфатени сите 11 основни училишта од Општина Гази Баба и едукацијата ќе се одвива до 4 мај оваа година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично