ПОВЕЌЕ

    Макрон: Европа да создаде 10 технолошки гиганти до 2030 година

    Време зa читање: < 1 минутa

    Францускиот претседател Емануел Макрон претстави амбициозен напор за создавање на 10 технолошки гиганти во вредност од 100 милијарди евра до 2030 година, во обид да се справи со американските компании кои доминираат во овој сектор.

    Целите се дел од европската иницијатива што Франција се обидува да ја подобри кога станува збор за финансирање на нови компании, особено во подоцнежните фази на раст, со цел да ги постави во повисока лига каде што ќе можат да привлечат повеќе инвеститори и врвен персонал.

    Од доаѓањето на власт во 2017 година, Макрон се обиде да ја направи Франција старт-ап земја, правејќи ја земјата попривлечна за странските инвеститори како на пример реформата во законот за работни односи.

    Француските напори да се создадат компании вредни најмалку милијарда долари сеуште се во сенка на еквивалентни американски компании. Макрон минатата година изјави дека очекува Франција да има 25 компании во вредност од најмалку една милијарда долари до 2025 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично