ПОВЕЌЕ

    „Макпетрол“ со нов состав на УО предводен од Јосифовски

    Време зa читање: 2 минути

    Во наредните шест години со скопски „Макпетрол“ ќе раководи Управен одбор во кои се Андреја Јосифовски, Марија Јосифовска Спасовска, Сашко Павловски, Михајло Борозанов и Сашо Бошковски. Одлуката е донесена од Надзорниот одбор, откако е утврдено дака истекол мандатот  на претходниот состав, информираат од компанијата преку известување на Македонска берза.

    Првиот човек на „Макпетрол“, Андреја Јосифовски е сопственик на две илјади акции со право на глас. Тоа, според наведените податоци, е 1,780 отсто од вкупниот број издадени акции од Друштвото.

    Директорката за човечки ресурси и внатрешна контрола, Марија Јосифовска Спасовска, поседува 120 акции со право на глас. А, тоа претставува 0,107 проценти од издадените акции.

    Членот на УО, Сашко Павловски, кој е директор на Дирекција за дополнителен асортиман, има десет акции со право на глас, или  0,009 отсто од вкупниот број акции на компанијата.

    Михајло Борозанов, кој го предводи секторот за финансии, поседува една акција со право на глас, односно 0,001 процент од вкупниот број акции.

    Членот на УО, кој исто така е на менаџерска позиција во „Макпетрол“, Сашо Бошковски во сопственост има 30 акции со право на глас. Односно, 0,027 отсто од вкупниот број на издадени акции од Друштвото.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично