ПОВЕЌЕ

    Макпетрол со мал пад на приходите, но со зголемена добивка

    Време зa читање: 2 минути

    Деловните активности реализирани во деветмесечниот годинешен период на Макпетрол му донесоа добивка од 14,9 милиони евра. Споредено со минатогодишните 13 милиони евра, профитот е повисок за 14,6 насто.

    Финансискиот резултат бележи раст, а врз позитивните движења, падот регистриран на приходната страна не можел да има големо влијание. Минусот кај оперативните приходи е 0,45 отсто, па во трите квартали е постигната сума од 375,46 милиони евра (377,17 милиони евра во истиот лански период).

    Во тие рамки, приходите обезбедени од продажбата се во износ од 373,31 милион евра. Во однос на минатогодишните 374,86 милиони евра, запишано е намалување од 0,41 отсто.

    Од продажбата на домашниот пазар Макпетрол инкасирал 366,83 милиони евра или за 0,68 отсто помалку од лани (369,35 милиони евра). Наспроти тоа, раст од 17,8 насто е забележан на странскиот пазар. Приливот оттаму е 6,48 милиони евра (претходно 5,50 милиони евра).

    Опаѓање има и кај трошоците. Од јануари до септември оперативните расходи се намалени за 0,66 отсто или за 2,4 милиони евра. И доаѓаат до нивото од 363,3 милиони евра.

    За разлика од деветте месеци во 2024 година, сегашните финансиски приходи се удвоени и се во износ од 4,5 милиони евра. Вложувањата, заемите и каматите, како и курсните разлики резултирале со приход од 4,49 милиони евра (+48,8%).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично