Акционерите на „Макпетрол“ Скопје ќе добијат по 2.000 денари бруто дивиденда по акција. Компанијата планира за таа намена да потроши вкупно 202.758.000 денари бруто (3.296.878 евра).
Одлуката за распределба на дивидендата треба да донесе собранието на акционери закажано за 20 јуни, соопшти компанијата преку Македонска берза.
Според соопштеното, датум на пресек на акционерската книга според која се определува листа на акционери кои имаат право на исплата на дивиденда е 21.7.2020 година.
За последен ден на тргување со право на дивиденда се утврдува 17.7.2020 година.
Исплата на дивидендата ќе се изврши до 30.9.2020 година.