На седницата одржана на 20 јуни, Собранието на акционери на „Макпетрол“ донесе одлука за исплата на дивиденда за 2019 година во бруто износ од 2.000 денари по акција, соопшти компанијата преку Македонската берза.
Последен ден на тргување со право на дивиденда е 17, јули, годинава. Исплатата на дивидендата ќе се изврши најдоцна до 30 септември.