Макошпед АД Скопје за периодот Jануари – Март 2021 година оствари позитивен финансиски резултат од 3.224 илјади денари искажан во неревидираниот Биланс на успех.
Остварените вкупни приходи за период Јануари – Март 2021 година изнесуваат 20.933 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период 2020 година бележат намалување од 6%.
Оперативните приходи изнесуваат 20.933 илјади денари и бележат намалување од 6% во однос на оперативните приходи за истиот период 2020 година.
Приходите од продажба изнесуваат 20.782 илјади денари и се на исто ниво како во истиот период 2020 година.
Вкупните расходи за период Јануари – Март 2021 година во износ од 17.709 илјади денари бележат намалување од 7% во однос на вкупните расходи за истиот период 2020 година.
Оперативните расходи во периодот Јануари – Март 2021 година изнесуваат 17.645 илјади денари и бележат намалување од 7% во однос на истиот период 2020 година.
Финансиските расходи изнесуваат 64 илјади денари, додека финансиските расходи за истиот период 2020 година изнесуваат 7 илјади денари.
Во период на пандемија со Ковид 19, Макошпед АД во ниеден момент не престана со вршење на дејноста, реализирајќи го деловниот план истовремено придржувајќи се до препораките за заштита на здравјето на вработените и клиентите.
Компанијата ги следи општите економски и финансиски показатели и превзема мерки за прилагодување на новонастанатите услови. Доколку ситуацијата со Ковид 19 се стабилизира во вториот квартал на 2021, очекуваме стабилизирање и на тековното работење.