Домашната трговија на мало со храна, пијалаци и тутун во јуни номинално е зголемена за 31.5 %, а реално за 22.5 % во однос на истиот месец минатата година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Најсвежите податоци говорат дека македонските граѓани најмногу трошат на прехранбени продукти, на пијалоци и цигари.
Податоците покажуваат дека растот не е ограничен само на прехранбени производи. Во категоријата непрехранбени продукти (освен гориво), реалниот раст е 5,2%, а номиналниот 9,2%. И воопшто, во сите групи (освен трговијата со горива), реалната стапка на пораст е 13,9%, а номиналната 20,4%.
Македонските граѓани засилено купувале и гориво, велат податоците. Значаен раст, според Статистика е забележан и во трговијата со автомобилски горива, каде реалниот пораст е 8,3%, а номиналниот минимален – само 0,7%, што упатува на стабилизација на цените на горивата, но и на зголемена потрошувачка.
Овие бројки сигнализираат позитивен тренд во потрошувачката, што може да се толкува како знак на зголемена економска активност и доверба кај потрошувачите.