ПОВЕЌЕ

    МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ И ШТЕДАТ И СЕ ЗАДОЛЖУВААТ: Депозитите зголемени за 6,3, кредитите за 7,2 насто

    Време зa читање: 2 минути

    Граѓаните во континуитет се задолжуваат кај банките, па растот е забележан и во февруари – 0,3 проценти како месечен и 7,2 насто годишен раст. Според НБРСМ, промената по двете основи се должи на кредитирањето и во денари и во девизи. Но, сепак, предничат редитите одобрени во странска валута.

    Најбарани во вториот месец од годината биле станбените кредити, каде што растот е 0,8 насто месечно, а на годишно ниво 12,3 проценти. Како второпласирано е задолжувањето по основа на потрошувачки кредити. Месечниот раст е 0,4, а годишниот 6,3 насто.

    Во февруари паднал интересот за купување автомобили со банкарска помош. Намалувањето е за 0,3 отсто, но само на месечна основа. Годишно, присутен е раст од 11,8 проценти.

    Исто така има и месечно намалување кај задолжувањето преку кредитните картички – за 1,1 и негативните салда на тековни сметки – за 1,3 отсто. Сепак, и тука на годишна основа движењата се во плус, односно повисоки за 0,8 и за 0,4 проценти.

    Единствено намалување и месечно од 1,5 и годишно од 16,3 отсто е евидентирано кај одобрените кредити по други основи.

    Конкретно, во февруари банките одобриле 112,333 милиони денари по барањата за потрошувачки кредити, 76,818 милиони денари станбени кредити, за автомобилски 354 и за другите видови кредити 2,150 милиони денари. Преку кредитните картички кај граѓаните завршиле 10,114, а кај негативните салда задолжувањето е со 6,399 милиони денари.

    Од друга страна, за 0,9 проценти се зголемени депозитите на домаќинствата во февруари. Промената е на месечно ниво, а е резултат на забележаниот раст на депозитните пари, на краткорочните депозити во странска валута, но и на долгорочните депозити во денари и во девизи.

    Податоците ги објави Народната банка, при што се посочува дека во споредба со ланскиот февруари кај влоговите на домаќинствата има придвижување од 6,3 насто. Во тој дел зголемени се краткорочните и долгорочните девизни заштеди, а трендот на опаѓање е регистриран кај депозитите во денари – и краткорочните и долгорочните.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично