Германската економија во моментот се наоѓа во фаза на транзиција, што предизвикува грижа кај добавувачите. Германија е најголем трговски партнер на Македонија, и бидејќи оствари негативен раст, тоа влијаеше и на македонската економија. Годинава во споредба со истиот период лани извозот е намален за дури 416 милиони евра и тоа не е резултат на неконкурентноста на македонската економија туку на рецесијата или политички кажано „забавувањето“ на германската економија. Сепак, Германија и понатаму останува најголем партнер на македонската економија.
Според директорката на АХК Македонија, дел од мрежа на германските комори во светот, Антје Ванделт, германските инвеститори очекуваат дека во вториот квартал од наредната година ќе се зголеми производството и извозот.
– Она што го забележавме како Германска стопанска комора е дека во последниот квартал од 2024 година има благ пад на извозот, но германските компании очекуваат во вториот квартал од 2025 година повторно враќање во нормала и повторно зголемување на производството и извозот. Исто така радува фактот дека голем број од германските компании во автомобилскиот сектор кој што произведуваат не се насочени само кон механичкото производство, туку голем дел од нив произведуваат компоненти наменети за електричните возила – исткакна Ванделт.
Таа посочи рече дека автомобилска индустрија доживува транзиција и „поминува низ една фаза во која треба да се надминат одредени препреки“.
– Точно е тоа дека ќе има влијание врз производствените компании, односно компаниите добавувачи кои што испорачуваат од Македонија за Германија, но она што е добро е дека германските инвестиции кои се во државата не се сите во областа на автомобилската индустрија – додаде Ванделт.
Директорката на АХК, оцени дека промената на власта во Германија, нема да ги промени плановите за економскиот развој и извозот во идната трговско-индустриска соработка, најавувајќи нова германска инвестиција во Македонија за производство на пластика.
Сегашната криза во Германија може да е шанса за Македонија, вели директорката на Германската стопанска комора.
-Сега германските производители бараат нови пазари, каде ќе имаат пониски трошоци, додека оние кои веќе се присутни во земјавата да не се грижат. Најава за отпушатања на работници, нема. Јасно ни е дека актуелната состојба во Германија влијае и тука и буди многу прашања кај македонската јавност како економската криза во Германија ќе делува тука – рече Антје Ванделт.
Според претседателот на Стопанска комора на Северна Македонија, Бранко Азески, сепак власта треба да преземе сериозна одговорност, за да се подготви бизнисот за последиците кои ќе следат од случувањата во гермаската економија и чекорите кои ќе ги преземе новиот претседател на САД.