ПОВЕЌЕ

    Македонски Телеком со раст во сите сегменти – добивката зголемена за 33 проценти

    Време зa читање: 2 минути

    Стабилен раст во сите сегменти од дејствувањето сумирале во Македонски телеком на крајот од првото тримесечје. Врв на резултатите е нето добивката со зголемување од 33,2 проценти. Приходите од продажбата се зголемени за 3,7 насто во однос на претходната година и изнесуваат 2,9 милијарди денари, или нешто над 47 милиони евра. За компанијата е значајно и тоа што за само сто дена оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 5,6 проценти во споредбениот лански период, за разлика од 2022, кога бележеше пад.

    Со интензивното ширење на оптичката мрежа се зголемува и бројот на пристапи, кои по растот од 11 проценти сега изнесува 281.000. Во март, бројот на корисници на оптика надмина 100.000. За годинава, најавуваат од Телеком, во план е масовно мигрирање на корисниците од бакар на оптика во поголемиот дел од Скопје, како и во сите делови на државата каде што има оптичко покривање.

    Исто така, продолжува и ширењето на 5G мрежата, која сега е достапна во 27 градови и нивните околини. Во текот на годинава ќе има и дополнителни инвестиции во новите технологии.

    Од компанијата се задоволни со трендот на зголемување на бројот на корисници во сите сегменти. Нагласуваат дека ја задржале лидерската позиција на ТВ пазарот со удел од 33,6 и раст од 1,2 проценти, што изразено низ бројки значи 148 илјади корисници.

    Бројот на корисници на широкопојасен интернет е поголем за 2,8 насто и изнесува 204 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи е со раст од 2,8 проценти.

    Во мобилните комуникации базата на корисници е зголемена за 3,3 проценти, со што бројот на корисници достигнал 1,25 милиони. И во фиксната телефонија Македоски Телеком ја има водечката позиција, и тоа со удел од 61,2 отсто и со 224 илјади корисници.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично