ПОВЕЌЕ

    88 Македонски пензионери уживаат пензија од 54.335 денари

    Време зa читање: 2 минути

    Во февруари, оваа година имало 283 пензионери со пензија над 52.455 денари88 пензионери го зеле највисокиот износ од 54.335 денари, покажуваат последните податоци на Фондот за пензиско. Или вкупно 1.322 пензионери во земјава се водат како пензионери со највисоки пензии, а распонот на нивните месечни примања по основ на пензија е од 40.067 до 54.335 денари во зависност од годината кога го стекнале правото. Најголем дел или 894 се со пензија од 41.739 денари.

    Вкупниот број на пензионери пак се зголемил на 324.833 лица додека просечната пензија во февруари се намалила за 21 денари во споредба со јануари и изнесувала 15.629 денари,

    Најнизок износ на пензија зеле 78.253 пензионери, од кои 61.147 пензионери за остварено право од 01.01.2002 година до денешен датум. Останатите 17.106 се за оставрено право до 1996 и за периодот 1997 – 2002 година. Најнискиот износ на пензија за најголемата група на корисници на ова право се движи од 9.868 денари до 12.649 денари, во зависност од групата на која што припаѓаат.

    Само во месец февруари имало нови 2.437 пензионери на списокот на ПИОМ. Од нив најголем дел биле мажи 1.653 а остатокот жени и најголем дел, 1.607 се стекнале со правото на старосна пензија. Од друга страна пак, имало 2.114 починати пензионери, од кои 1.701 биле мажи.

    Податоците покажуваат дека од 324.833 пензионери најмногу 323.689 се стекнале со право на пензија по работен основ. Други 1.058 стекнале право на пензија како поранешни воени лица, а само 86 биле земјоделци и по тој основ оствариле право на пензија.

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично