Откако се појави во јавност информацијата за Предлогот за укинување на Агенцијата за нуклеарни технологии, многумина зачудено се запрашаа која е таа агенција и од кога е формирана, но и научните кругови во Македонија речиси и да немаа сознанија за нејзиното постоење.
Собранието почна процедура да се затвори македонската Агенцијата за нуклеарна технологија формирана во 2010 година. За нејзиното постоење имаше и закон донесен во 2010 година, на предлог на тогашниот министер за образование Никола Тодоров. И после долги 14 години дојдено е до заклучок дека постоењето на Агенцијата е непотребно, а секоја година до сега од буџетот биле плаќани пари за хонорари на членовите на управниот одбор. Точно 14 години оо Буџетот биле определувани средства за работа, но последен пат оваа Агенција потрошила средства во 2014 година – 2,5 илјади евра за теписи, покажуваат податоците од „Отворени Финансии“. Претходно на нивна сметка легнувале трошоци за патување во странство, ама недостасува податок кој од таа сметка летал надвор од земјава. А пари за хонорари добиле само членовите на управниот одбор и еден академик од МАНУ. Оваа агенција била финансии активна само две години покажува дата базата „Отворени финансии“
Идејата при формирањето на оваа Агенција била развој на технологии и истражувања од областа на нуклеарната физика, физиката на елементарните честички и други истражувања од областа на нуклеарната наука.
Целта била преку Агенцијата да се учествува во научните програми на Европската организација за нуклеарни истражувања ЦЕРН, учество на научници, инженери, техничари и друг стручен кадар од Македонија во истражувачките проекти на ЦЕРН.
Од Владата, која е предлагач на Законот, во своето обраложение велат дека таа Агенција фактички не проработела функционално.
Тоа и го навеле во оценката на состојбите и за причините зошто треба да се затвори Агенцијата.
-Националната агенција за нуклеарни технологии е основана со Законот за основање на Националната агенција за нуклеарни технологии на Република Македонија. Но, од почетокот на основањето на оваа агенција истата функционално не проработи, односно само одреден краток период со неа раководеше вршител на должноста директор, без да има вработено стручен и административен кадар и без да ги остварува надлежностите за кои е основана. Заради наведеното од страна на Министерството за образованите и наука изготвен е овој Предлог на закон за престанување на важење на Законот за основање на Националната агенција за нуклеарни технологии на Република Македонија“ – се вели во владиното образложение.
Затоа и се нагласува дека основна цел на овој закон е да престане да важи Законот за основање на Националната агенција за нуклеарни технологии, но и да се намали бројот на јавните установи кои постојат, но фактички не се активни и не ги извршуваат надлежностите за кои се основани.