ПОВЕЌЕ
    ПОВЕЌЕ

      Македонска берза: За примената на Кодексот за корпоративно управување треба да известат 26 компании

      Време зa читање: 2 минути

      Од сите акционерски друштва кои котираат на Македонската берза, 26 се обврзани годинава да известат за примена на Кодексот за корпоративно управување. Односно, преку пополнување на прашалникот да информираат до кој степен во текот на 2023 одговориле на одредбите кои ги пропишуваат добрите практики.

      „Согласно член 42-а од Правилата за котација, Берзата на ден 31.12.2023 година направи ажурирање на списокот на котирани акционерски друштва кои што имаат обврска во 2024 година да известaт за примена на Кодексот за корпоративно управување на Берзата“, нав едено е во берзанската објава.

      Тој список го сочинуваат: „Алкалоид“, „Гранит“, Комерцијална банка, „Македонијатурист “, „Макпетрол“, „Макстил“,     НЛБ банка, Стопанска банка АД Скопје, ТТК банка, УНИ банка, Стопанска банка АД Битола, „Окта“, ВВ „Тиквеш“, „Витаминка“, ЗК „Пелагонија“, „Либерти“, „Македонски телеком“, „Македонија  осигурување“, Прилепска пиварница, „Реплек“, „Тетекс“, Тутунски комбинат АД Прилеп, „Фершпед“, Хотели-Метропол АД Охрид , Цементарница „Усје“ и „Адинг“.

      Согласно  членот 42-а, а („Берзата“), Кодексот мора да го применуваат друштвата чии акции котираат на официјалниот пазар, на сите пазарни сегменти. И, кои на 31 декември секоја година од предвидените четири, исполнуваат најмалку три услови:  распространетост во јавноста на акциите со вредност од минимум пет милиони евра; да имаат најмалку 100 акционери; најмалку 5% распространетост на родот на акциите во јавноста; и тргувањето со нивните акции да се одвивало во најмалку 30% од вкупниот број денови на тргување во текот на годината.

      14,794Следи нè на facebookЛајк

      слично