ПОВЕЌЕ

    ВИДЕО | Новиот Водич за ESG известување тема на работилница со котираните компании

    Време зa читање: 2 минути

     

    На 17 февруари, преку online платформата ZOOM, Берзата организираше работилница на кои беа поканети сите 96 котирани компании во врска со новиот  Водич за известување за прашања поврзани со животната средина, општествени прашања и управување (ESG). Целта на работилницата беше детална презентација на Водичот и дополнителни појаснувања за компаниите поврзани со ESG прашањата.

    Воведно обраќање на оваа работилница имаа Главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев и претставникот на Европската Банка за обнова и развој Robert Adamczyk.
    Презентацијата за Водичот за ESG известување ја подготвија и водеа консултантите од Steward Redqueen.

    Водичот за ESG известување е подготвен имајќи ја предвид домашната регулатива, заложбите на Европската Унија за одржливи финансии и меѓународните најдобри практики во оваа област, при што се акцептира дека праксата во нашата држава околу ова е во рана развојна фаза. Водичот се надоврзува на новиот Кодекс за корпоративно управување на Берзата објавен во месец октомври 2021 година и има за цел да им послужи на котираните компании во примената на одредбите на Кодексот кои се однесуваат на прашањата поврзани со животната средина, општествените прашања и управувањето, но обезбедува и поширок контекст за имплементација на соодветно ESG известување и пракса.

    Видеото од работилницата во продолжение:

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично