ПОВЕЌЕ

    Македонската берза се приклучи кон иницијативата „Заѕвони за родова еднаквост“

    Време зa читање: 2 минути

    Македонската берза се приклучи кон глобалната иницијатива „Заѕвони за родова еднаквост“ („Ring the Bell for Gender Equality“) со што првпат годинава влезе во друштво на стотина берзи ширум светот каде по повод Меѓународниот ден на жената со симболично ѕвонење на берзанското ѕвоно се означува почетокот на тргувањето.

    Во Македонската берза, како што информираа оттаму, почетокот на тргувањето со ѕвонење на ѕвончето го сториле претседателката на Комисијата за хартии од вредност Нора Алити и главниот извршен директор на Македонската берза, Иван Штериев.

    – Време е да престанеме само да зборуваме за родовата еднаквост, туку и да делуваме. За мене, добро корпоративно управување значи и органи на управување коишто се родово балансирани и коишто го почитуваат принципот на еднакви примања за мажите и за жените, работни позиции со еднаква одговорност и вредност, истакна претседателката на Комисијата за хартии од вредност.

    Според извршниот директор на Македонската берза, приклучувањето кон оваа глобална иницијатива е израз на заложбите на Берзата да се подигне на повисоко ниво темата за родовата рамноправност во бизнисот во земјава.

    – Податоците што денес ги публикуваме покажуваат дека во органите на управување на сите котирани компании жените учествуваат со 24,2 проценти при што во 15,3 проценти од компаниите се на врвни раководни позиции. Ова покажува дека очигледно има простор за подобрување. Притоа, компаниите каде директори се жени во 71,4 проценти оствариле добивки во последните објавени финансиски извештаи. Тоа во позитивна корелација со многу меѓународни истражувања што недвосмислено покажуваат дека компаниите раководени од жени имаат тенденција да покажуваат посупериорни резултати, нагласи Штериев.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично