ПОВЕЌЕ

    „Македонијатурист“: За акционерите дивиденда од 857 илјади евра, за членовите на НО награда од 13,7 илјади евра

    Време зa читање: 2 минути

    Акционерите на „Македонијатурист“ АД Скопје ќе поделат дивиденда за 2022 година во вкупен бруто износ од 52.870.128 денари или 857,8 илјади евра. Со одлуката донесена на Годишното собрание, дел од парите – 257,8 илјади евра (16.999.971 денар) се обезбедени од распределената добивка остварена од минатогодишното работење, а 581,9 илјади евра (35.870.157 денари) ќе се исплатат од нераспределената добивка за 2021, 2016 и 2015 година.

    Вредноста на акцијата е во бруто износ од 129,89 денари.

    Според дивидендниот календар, последен ден на тргување со право на дивиденда е трети мај, прв ден на тргување без право на дивиденда е четврти мај. Датумот, пак, за стекнување право на дивиденда е петти мај.

    Од ланската добивката, која по оданочувањето е во износ од 500,9 илјади евра, односно 30.876.713 денари, освен за дивиденда, средства во висона од 225,1 илјади евра (13.876.742 денари) се распределуваат за исплата на дополнителни издатоци, кои ќе бидат утврдени од страна на Надзорниот одбор.

    За членовите на ова телот предвидена е награда во бруто износ од 13,7 илјади евра (850.000 денари), а исплатата е на товар на трошоците на Друштвото.

    Инаку, на членовите на Надзорниот одбор Верица Хаџи Василева – Марковска, претседател, Тито Беличанец, Ванчо Узунов, Васил Поповски и Григор Копров им завршил предвидениот мандат.

    Во новиот состав со шестгодишен мандат се Доне Таневски, Верица Хаџи Василева – Марковска како независен член, Владо Богдановски и Ѓорѓи Јанчевски (независен член) Мандат шест години. Според одлуката, месечниот паушал за претседателот на НО е во износ на две, за членовите – на една, а за независните членови 90 отсто од просечно исплатените нето плати во „Македонијатурист“ во последните три месеци.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично