Македонијатурист го одреди износот што ќе го добиваат членовите на Надзорниот одбор за ангажманот во ова тело. На акционерското Собрание е усвоена одлуката месечниот паушал за претседателот да изнесува 73 илјади денари. А членовите, што подразбира и независниот, ќе добиваат по 61 илјада денари.
Во составот на Надзорниот одбор од февруари годинава се Горан Марковски – претседател, членовите Олга Павлова и Сашко Бошков, како и независниот член Горазд Поповски.
Како носители на овие фунцкии со мандат од шест години, беа назначени по промените во сопственичката структура, каде што доминира Скопски пазар, а се претставници на Чезакомерц (Марковски и Павлова) и на Промедика (Бошков и Поповски).
Акционерите, исто така, на одржаното Собрание одлучиле минатогодишната добивка на Македонијатурист да се реинвестира. Станува збор за 171.468.170 денари, односно за околу 2,8 милиони евра.