Цените на горивата рапидно се зголемија во многу региони откако започна војната во Украина. Цените се речиси двојно зголемени на некои места, особено на европскиот континент. И додека цените растат, синџирите на снабдување се напнати, што веќе доведе до ограничена достапност на одредени производи. Една од можните причини е тоа што индустријата за патен транспорт се бори да ја задоволи растечката побарувачка додека останува солвентна.
Цените на горивото низ европските држави, сепак, не се воедначени. Тие значително варираат од една до друга држава. Според сајтот GlobalPetrolPrices.com, бензинот Супер 95, на пример се движи од 0,68 долари за литар во Русија, па се до дури 2, 27 долари на Исланд. Од 42 држави прикажани на табелата, нашата држава се наоѓа на седмото место, со 1,41 долар за литар, со што спаѓа во редот на земјите каде горивото е значително поефтино.
Од балканските држави поефтин Супер 95 има само во Турција, каде чини 1,01 долар, и во Бугарија, каде чини 1,39 долари, додека Босна и Херцеговина се наоѓа на 10-тото место со цена од 1,43 долари за литар, Словенија е место подолу со 1,44 долари за литар, а поскапо гориво од неа има во Србија, која е на 15-тото место со 1,55 долари за литар.
На табелата подолу е даден графички приказ на цените на Супер 95 по држави, според најновите расположливи податоци од 20-ти фебруари: