ПОВЕЌЕ

    „МАКЕДОНИЈА СО ББ КРЕДИТЕН РЕЈТИНГ, колку сме далеку од поевтини кредити?“ – Петар Андреевски во „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    Македонскиот кредитен рејтинг е заглавен на ББ, плус и минус, а тоа значи повисоки камати за државата, компаниите и граѓаните. Зошто е толку важно да се пробиеме до инвестициониот рејтинг и кои се конкретните чекори што мора да ги преземеме? Петар Андреевски од ВФП Фонд Менаџмент во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ објаснува зошто тоа не е невозможно и кои примери од регионот можеме да ги следиме.

    https://youtube.com/shorts/x6q0ZnhfK-g?si=VRa2ivi2Sd2C8z9e

    „Прв инвестициски кредитен рејтинг е 3Б (БББ) минус. Нас ни е потребно, прво, да ја растеме економијата. Не е вистина дека не можеме да дојдеме. Еден интересен пример е Србија во регионот, пред шест месеци доби за првпат инвестициски кредитен рејтинг, значи 3Б (БББ) минус. Тоа значи дека имаме шанси, доколку ги засукаме ракавите и како секоја компанија ако ја развиваме државата, ги развиваме нејзините приходи, ја развиваме  економијата, имаме шанси да дојдеме до поголем кредитен рејтинг. Ги зајакнеме структурните реформи, ги зајакнеме институциите, се она што значи економија и подобар животен стандард“.

    Гледајте не и секако притиснете „subscribe“ на нашиот Јутјуб канал кој може најлесно да го најде ако во пребарување на кирилица напишете ПАРИ.

    Сите содржини се бесплатни, а реализирањето е потпомогнато од пријателите на „Каде се парите? со Горан Теменугов“ кои препознаа дека со поддршката на еден ваков проект се засилува одбраната на јавниот интерес и можноста сите чинители во општеството да имаат можност да одговорат, но и да дебатираат за сите актуелни и релевантни прашања.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично