ПОВЕЌЕ

    Македонија осигурување: Продолжен мандатот на Андов, Ѓорчева и Димов во УО

    Време зa читање: < 1 минутa

    Со одлука на Надзорниот одбор на Македонија осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп продолжен е мандатот на Бошко Андов, Весна Ѓорчева и Татјана Димов како членови на Управниот одбор.

    Во информацијата доставена до Македонска берза се наведува дека претходно е спроведена постапка и добиена е согласност од Агенцијата за супервизија на осигурување, а извршена е и промена во Трговскиот регистар што се води при Централниот Регистар.

    Актуелниот состав на УО го сочинуваат Бошко Андов кој е претседател на УО и членовите Весна Ѓорчева, Татјана Димов и Озрен Марјановиќ.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично