Во јули 2024 година, потрошувачката цена на аранжманите за одмор во Европската Унија беше за 6,6% повисока отколку во јули 2023 година. Цената на пакетите одмори расте низ ЕУ од август 2021 година. Годишната стапка на пораст надмина 10% во повеќето месеци во текот на 2022 и 2023 година. А 20% за 7 месеци во оваа година.
Во јули 2024 година, повеќето земји на ЕУ објавија позитивна годишна стапка на инфлација за пакет одмор продадени во нивните земји. Најголем пораст е забележан кај пакетите купени во Турција – каде што цените пораснале за дури 49,5 отсто. Според Евростат, прва на листата европски земји рангирани според годишната промена на цените на туристичките пакет-аранжмани за летен одмор е Франција (+22,2% во споредба со јули 2023 година), потоа Италија (+19,5%) и Кипар (+16,7%).
Додека, пак, во Македонија цената на туристичките пакети се зголеми за дури 16,5 отсто, што спаѓа во група со земјите што имаат најголемо поскапување за туристичките аранжмани.
Спротивно на тоа, 3 земји од ЕУ пријавиле негативна стапка на инфлација за пакетите за одмор: Малта (-2,9%), Финска (-2,7%) и Данска (-0,2%).
Во споредба со земјите од регионот, високо зголемување на пакет аранжманите имала и Србија каде аранжманите за туристите во јули поскапеле за 15,2 отсто, покажуваат податоците на Евростат.
Аранжманите во Хрватска во јули се повисоки за 9% во однос на истиот период лани, во Словенија за 6,7 отсто, во Албанија за 1,4 отсто, додека туристичките аранжмани во Црна Гора се пониски за еден отсто.