ПОВЕЌЕ

    „Мајк Тајсон во Македонија? Под неговиот бренд се произведува медицински канабис во државава“ – Сашо Стефаноски, НЈСК Холдинг во „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    Едно од најпрепознатливите спортски имиња во светот е директно поврзан со производство во Македонија. Во поткастот „Каде се парите?“, првиот човек на „НЈСК Холдинг“ Сашо Стефаноски открива како брендот на Мајк Тајсон стана дел од медицинската канабис – индустрија  и зошто токму Македонија е избрана како база за европскиот и австралискиот пазар. Спојот на овој глобален бренд со домашната економија покажува како Македонија може да биде дел од светските бизнис случувања.

    „Изненадување беше фактот и веста која се прошири низ светските медиуми дека брендот на Мајк Тајсон ќе се произведува во Македонија. Но, тоа е реалност. Ние минатата година, јануари, февруари 2024 година, размислувавме како да направиме нешто повеќе и како да го привлечеме и вниманието и како да најдеме креативни начини во Европа непосредно преку некое познато име да добиеме и некој маркетинг. Нема подобра личност за тоа од Мајк Тајсон. Зашто? Затоа што тоа има и додадена вредност во оваа индустрија. Мајк е пациент. И тој многу пати до сега, честопати да кажам, изјавува дека канабисот му го спасил животот. Дека го довел во ситуација да може да продолжи да живее…. И тука можам ексклузивно да кажам дека веројатно Мајк ќе не посети во теков на 2026 година.“

    Следете нè и притиснете „subscribe

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично