Градот Мајами се обидува да прифати биткоин во својата деловна активност. Според градоначалникот Франсис Суарез, тоа е потег што може да донесе профит во смисла на привлекување технолошки компании.
Градската комисија одобри, на предлог на градоначалникот, биткоинот да се исплаќа за градските работници, а жителите и компаниите да плаќаат такси и даноци со криптовалути.
Суарез истакна дека Мајами се обидува да стане технолошки град и да се позиционира како еден од технолошки најнапредните градови во САД.
Иако првичниот чекор вклучува наоѓање компании кои ќе ги олеснат трансакциите со биткоин, градоначалникот сака да инвестира ограничени количини на буџетски средства во биткоин.
Цврсто верувам дека кога (и ако) Амазон и (или) Епл ќе го прифатат биткоинот како платежна структура, работите ќе се забрзаат, бидејќи во тој момент зборуваме за многу голем обем на трансакции што можат да користат биткоин, рече Суарез и додаде дека градските власти сакаат да бидат на врвот и пред другите кога крипто-валутите ќе добијат поголемо значење.