ПОВЕЌЕ

    Маја Штериева во „Каде се парите?“: Намалување на каматните стапки до крајот на годинава

    Време зa читање: 2 минути

    До крајот на годината би требал да започне процесот на намалување на каматните стапки, такви се очекувањата на аналитичарите, рече претседателката на Македонската банкарска асоцијација, Маја Штериева, во поткастот на порталот „Пари“ – „Каде се парите?“. Во моментот може да се оцени дека инфлацијата е генарално забавена, но сѐ уште постои неизвесност и очигледно е дека централните банки уште малку ќе тактизираат.

    „Уште кон крајот на минатата година коментарите беа дека од втората половина на годинава, односно по состаноците на ЕЦБ и на Федералните резерви кои ќе се одржуваат од мај, веќе би можело да дојде до намалување на каматните стапки со оглед на стабилизирањето на инфлацијата. Соодветно на тоа, очекувам дека така ќе постапи и нашата Народна банка, можеби во втората половина од годината. Зависно од нивните мерења, бидејќи сепак тие ги следат макроекономските показатели во земјата, стабилноста на системот итн. Знаеме, ценовната стабилност е една од главните таргети, така што тогаш би можело да се интервенира на нивото на каматните стапки“, изјави Штериева.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично