По повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври, во организација на Македонската банкарска асоцијација им беа доделени признанија на најдобрите банкарски службеници за 2022 – Маја Пејчева и Ристо Ѓоргиевски од Силк Роуд Банка за нивната посветена работа и остварени резултати. Во честитката од нивните колеги, се изразува задоволство што тие се дел од нивниот тим и им посакуваат уште многу вакви успеси во иднина.
Силк Роуд Банка е секогаш тука да ги поддржи и награди трудот, напорната работа и истрајноста, се вели натаму во честитката до наградените службеници.