ПОВЕЌЕ

    МАХЕРИ ВО ДОБИВКИ ОД БРЗИ КРЕДИТИ: „ФЛЕКС КРЕДИТ“ го претрка „КРЕДИТЕН ЦЕНТАР БС“

    Време зa читање: 2 минути

    Порталот Пари, минатата недела го објави првиот дел од анализата како работат небанкарските финансиски друштва за кредитирање, под наслов ГРАЃАНИТЕ СЀ ПОВЕЌЕ СВРТЕНИ КОН ЛЕСНОТО ЗАДОЛЖУВАЊЕ: Ланските добивки на куќите за брзи кредити се 10,5 милиони евра, а целиот банкарски сектор ќарил 150 милиони евра

    Денеска Пари открива: Фирмата со најголема добивка лани, во 2020 година беше загубар

    Најголема добивка минатата година направило финансиското друштво Флекс кредит, покажуваат податоците од платформата БизнисМрежа.мк . Ова финансиско друштво, со 4 милиони евра приход, остварило добивка од 2,4 милиони евра. Интересен факт е што ова најпрофитно друштво лани, во 2020 година, било загубар! Загубата му била 11.600 евра. Податоците покажуваат значителен раст на приходите во 2021 година во однос на 2020 година – дури 602 %.

    Со високата стапка на профитабилност, Флекс кредит со добивката отишло далеку над компанијата која лани имала најголем приход, а тоа е Иуте кредит. Иуте кредит лани остварила приход од 11,8 милиони евра, а направила добивка од 1,2 милиони евра.

    Претходната, 2020 година, состојбата била поинаква. КРЕДИТЕН ЦЕНТАР БС во 2020 година имала добивка од 1,5 милиони евра и тоа било најголемата добивка. Минатата година КРЕДИТЕН ЦЕНТАР БС имала добивка од 1,3 милиони евра, односно добивката се намалила за 66,8 %, иако приходите на компанијата се зголемиле за 66,8 %. Имено, приходот во 2020 година бил 2,2 милиони, а во 2021 година изнесувал 3,7 милиони евра.

    ФИНАНСИСКИ ДРУШТВА СО ДОБИВКИ НАД 1.000.000 ЕВРА ВО 2021 ГОДИНА

    |ВО ЕВРА|

    Финансиско друштвоДобивка
    ФЛЕКС КРЕДИТ 2.400.000
    ТИГО ФАЈНАНС1.700.000
    ФИНАНСИСКИ КРЕДИТЕН ЦЕНТАР БС1.300.000
    ИУТЕ КРЕДИТ МАКЕДОНИЈА1.200.000
    М КЕШ Македонија 1.000.000

    Лектор: Христина Ангелеска

    Редакција Пари

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично