Луксузни брендови од Chanel до Louis Vuitton ги подигнаа цените на повеќето од нивните најпосакувани производи за да го надоместат изгубениот профит за време на затворањето поради пандемијата од коронавирус, пренесува Reuters.
Chanel најави дека ќе ги зголеми цените на нејзините престижни чанти и помалите кожни производи до 17%, бидејќи цените на одредени суровини скокнаа поради пандемијата.
Louis Vuitton соопшти дека раст на продажбата од 50 % е забележан во Кина минатиот месец, но ги зголеми цените на своите чанти во САД и Европа.
Како пример, се наведува дека торбата Neverfull MM, којашто чини 1.500 долари преку интернет, би можела да се купи на почетокот на мај за 1.430 долари, а минатиот октомври за 1.320 долари, што претставува пораст на цената од скоро 14 %.
Во Кина и Јужна Кореја, луѓето стојат во линија пред продавниците на Chanel , бидејќи започнаа гласините за зголемување на цените.
Извор: Бизнис инфо