Инспекторите од УЈП иако се на терен и спроведуваат контроли на прометот, овој период не изрекуваат казни, рече во вечерашното гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат директорката на Управата, Сања Лукаревска.
Како што кажа таа, голем дел од даночните обврзници го злоупотребуваат периодот на засилени мерки за заштита од ширењето на вирусот и не издаваат фискални сметки.
„Свесни сме дека има огромна злоупотреба, дека некаде не се издаваат фискални сметки. Според нас, секој треба да биде општествено одговорен и како обврзник и како човек, пред сѐ, дека сега е најбитно да придонесеме во развојот на економијата, односно во полнење на буџетот“, рече Лукаревска.