ПОВЕЌЕ

    Луфтханза ќе отпушти 29.000 работници

    Време зa читање: < 1 минутa

    Германската авиокомпанија Луфтханза најави дека се спрема да отпушти 29 илјади работници до крајот на годината. Додека пак во представништвата кои се надвор од Германија, 20.000 работници се очекува да бидат отпуштени, Луфтханза го продава своето претставништво за угостителство “LSG” кое има 7,5 илјади вработени.

    На тој начин, бројот на вработени во Луфтханза ширум светот ќе се спушти на 109 илјади.

    Дополнителни 10 илјади работни места ќе бидат намалени во Германија следната година. Компанијата веќе потроши три од девет милијарди евра државна помош што ги доби на почетокот на оваа година. Извршниот директор на „Луфтханза“, Карстен Спор изјави дека компанијата има вишок од 27.000 вработени кои работат полно работно време.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично