ПОВЕЌЕ

    Лондонски Хитроу започна постапка за доброволно напуштање на работните места

    Време зa читање: < 1 минутa

    Британскиот аеродром „Хитроу“  во Лондон, кој пред пандемијата  беше најфрекфентниот аеродром во Европа, објави дека започнале постапка за доброволно напуштање на работните места.

    Во соопштението на аеродромската управа во мај бројот на патници забележал пад од 97 отсто, а поради карантинските мерки се очекува падот да продолжи и во наредниот период, пренесува „Ројтерс“.

    Од управата посочуваат дека, Аеродромот пред кризата имаше 7.000 вработени, а сега со ова ниво на вработеност е неодржливо и додаваат дека со синдикатите започнале разговори за доброволно отпиштање работници.

    „Иако не можеме да исклучиме и понатамошни отпуштања, ќе продолжиме да ги истражуваме опциите за минимизирање на бројот на откази“, изјави извршниот директор на аеродромот, Џон Холанд Кеј.

     Топ 100 најголеми работодавачи за 2019-та година.

    Дознај кои се 100-те најголеми компании по приходи во Македонија,  –> топ 100 најголеми ]

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично