ПОВЕЌЕ

    ЛИБОР или Лондонска меѓубанкарска понудена каматна стапка

    Време зa читање: 2 минути

    Лондонска меѓубанкарска понудена каматна стапка или ЛИБОР (London Inter-Bank Offered Rate, LIBOR) претставува просечна каматна стапка според која одредени банки (панел банки) се спремни да си позајмуваат краткорочно меѓу себе на Лондонскиот пазар на пари.

    ЛИБОР каматните стапки се пресметуваат за пет валути и за седум рокови, кои се рангирани од рокови преку ноќ па до рокови од една година. Вкупно 35 каматни стапки (бројот на валути по бројот на рокови) се објавуваат на дневна основа во 11:30 по лондонско време, од страна на ICE Benchmark Administration.

    Многу учесници на пазарот на пари ги поставуваат каматните стапки според Либор. Според некои проценки, околу 350 трилиони долари на деривати и други финансиски продукти се врзани за Либор, тоа е за 4,5 пати повеќе од светскиот БДП.

    Овие каматни стапки претставуваат едни од главните основи за одредување на краткорочните каматни стапки на пазарите на пари низ целиот свет.

    Во 2012 година избил скандал, во кој биле покренати кривични обвиненија за манипулација со Либор стапките против панел банките. Ова довело до значителни реформи кои главно се однесуваат на воспоставување на позначителна контрола врз објективоста на објавените Либор стапки.

    Финансиските продукти кои се врзани за Либор се класифицирани во три групи:

    • Стандардни меѓубанкарски производи (термински договори за каматните стапки, евродоларски фјучерси, свопови за каматни стапки, опции за свопови за каматни стапки, прекуноќни индексирани свопови, опции за каматни стапки)
    • Комерцијални финансиски продукти (термински заеми, хипотекaрни кредити со варијабилни стапки, синдикатни заеми, депозитни сертификати со варијабилни каматни стапки, обврзници со варијабилни каматни стапки)
    • Хибридни продукти (колатерилизирани хипотекарни обврски, колатерилизирани долговни обврски и др.

    Прочитај и: Либор излегува од употреба, банките мора да најдат алтернатива

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично