ПОВЕЌЕ

    Светскиот бренд „Левис Штраус“ намалува 700 работни места

    Време зa читање: < 1 минутa

    Светски познатиот производител на фармерки „Левис Штраус“ планира да отпушти стотици работници како резултат на падот на профитот предизвикан од пандемијата. Компанијата објави дека нивниот бизнис ќе биде особено погоден од кризата со корона вирусот во втората половина од годината.

    Најпознатиот светски производител на фармерки, објави дека ќе намали околу 700 работни места или приближно 15% од работната сила. На тој начин менаџментот на компанијата смета дека ќе им заштеди 100 милиони долари годишно.

    Со стартот на корона вирусот и воведувањето на рестриктивните мерки за работа, “Левис“ се ориентира со продажба на Интернет. Компанијата објавила зголемување на својата деловна активност за 25 проценти во вториот квартал и раст од скоро 80 ​​проценти во мај.

    Сепак, акциите на компанијата со седиште во Сан Франциско изгубиле околу една четвртина од нивната вредност од почетокот на годината.

    Нето приходот во вториот квартал опаднал за 62 проценти на 497,5 милиони американски долари. Дополнително, објавиле нето загуба од 363,5 милиони американски долари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично