Шумските пожари изгореа рекордни 700.000 хектари во ЕУ годинава, според Европската комисија. „Ни претстои тешко лето во Европа, бидејќи досега за оваа година изгорени повеќе од 700.000 хектари, што е најголема вредност во овој период од годината од 2006 година“, рече Јанез Ленарчиќ, европски комесар за хуманитарна помош и управување со кризи.
„Досега Механизмот за цивилна заштита на ЕУ беше активиран девет пати од пет земји, со невиден степен на солидарност што го покажаа земјите-членки на ЕУ“, вели еврокомесарот. „Ние ќе продолжиме деноноќно да ја следиме ситуацијата преку нашиот координативен центар за одговор при итни случаи во Брисел и ќе ја мобилизираме потребната помош.“