ПОВЕЌЕ

    ЛЕТНО УЖИВАЊЕ ВО СРЦЕТО НА ЈУРУМЛЕРИ – без градска врева во „Pool Bar Natalija 2025“

    Време зa читање: 3 минути

    Ако се одалечите од градскиот асфалт и тргнете само десетина минути после супермаркетите на излез од Скопје, низ миризливите ниви на Јурумлери ќе ве пречека вистинско летно прибежиште: „Pool Bar Natalija 2025“. Прво што ќе ви падне в очи е бојата на водата – чиста тиркизна вода, бистра како стакло, која во попладневието се раздвижува во бранчиња што се преливаат со сенките на зелените чадори. Околу правоаголниот базен, се наредени бели лежалки, а зад нив песочна патека која ја разубавуваат саксиите од рози.

    На горната тераса, се развлекуваат темно-сиви лежалки со многу убав поглед кон Скопската котлина. Тука е и коктел-барот, па додека пиете некој леден коктел, очите ви патуваат од крошните на тополите и високите дрвја со ореви до тиркизното платно на водата.

    Во склоп на главниот базен има мини-базенче за најмалите, плитко и безбедно, а на педесетина метри подолу, во сенката на ситни камчиња се сместени лизгалки и реквизити за игра на отворено наменети за дечињата. Менаџерот истакнува дека на тој начин нудат содржина за сите генерации, никого не одбиваат, а секој си заминува задоволен.

    Еднаш во неделата, навечер, кога температурата во градот сè уште е висока, „Наталија“ ја гаси главната расвета и се палат само светлата под ѕвезденото небо, а тоа значи ноќно капење под опуштена музика.

    Вообичаен работен ден доаѓаат околу педесет гости, раскажува менаџерот, доволно за да има атмосфера без гужви, додека викендите бројката често се дуплира, особено кога се организираат дневни забави со промо-коктели, лежалки со резервација и диџеи.

    Водата се проверува неколкупати дневно, додава тој, активна филтрација, ускладен pH и внимателно хлорирање, па мириса само на сонце и чистота.

    Цената е „лесна“ за џебот – 250 денари за возрасни и 100 денари за деца до десет години, а доколку има помали дечиња, тие влегуваат бесплатно. Затоа не е чудо што најголем дел од посетителите се млади семејства или друштва од Скопје што сакаат поинакво уживање, а сè повеќе се појавуваат и странци.

    ДВЕ ТРЕТИНИ ОД КОМПАНИИТЕ ШТО КОТИРААТ НА БЕРЗА СЕ СО ПОМАЛА ДОБИВКА ОД ЛАНИ или се во загуба!?

    Ако ова лето копнеете градската жега да ја замените со допир на освежувачка вода, одмор под чадор и мирис на свежо нане од коктелот во рака – тогаш „Pool Bar Natalija 2025“ е вашата брза дестинација за летно уживање наутро, напладне и навечер, без воопшто да одите на море.

    Катерина Михајлова

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично