ПОВЕЌЕ

    Летањето со „Луфтханза“ поскапо за 1 до 72 евра – еко-таксата ги крена цените

    Време зa читање: 2 минути

    Од едно до 72 евра ќе бидат поскапи авио-билетите на „Луфтханза“ за летовите од земјите на Европската унија, Велика Британија, Норвешка и Швајцарија. Германската авиокомпанија ги зголемува цените за да ги покрие повисоките трошоци кои произлегуваат од еколошката такса на Европската комисија за користење фосилно гориво.

    ЕУ бара од превозниците постепено да ја зголемуваат употребата на одржливо гориво на летовите што поаѓаат од аеродромите на ЕУ, пишува Ројтерс.

    Еколошката такса „ќе покрие дел од дополнителните трошоци кои континуирано растат поради барањата на регулаторот за животната средина и вклучува употреба на одржливо воздухопловно гориво направено од биолошки материјали, што се смета за клучно за намалување на загадувањето на воздухот, соопшти „Луфтханза“.

    Компанијата засега не очекува натамошен раст на дополнителните трошоци.

    Инаку, извршниот директор на Луфтханза, Карстен Спор, уште минатата година предупреди дека целите на ЕУ се тешко остварливи и наговести дека повисоките трошоци ќе се одразат и врз патниците.

    Авиокомпаниите со години предупредуваат дека регулативите за одржливо гориво може да ги зголемат нивните трошоци. Ер Франс-КЛМ воведе еколошка такса во јануари 2022 година, барајќи доплата од 12 евра за билети за бизнис класа и четири евра за економска класа.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично