ПОВЕЌЕ

    Лагард: Опоравувањето од пандемијата ќе мора да се одложи 

    Време зa читање: 2 минути

    Претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард се надева дека 2021 година ќе продолжи да биде година на економско закрепнување од пандемијата, и покрај сериозните блокади и загриженоста за нови видови ковид-19.

    „Се надеваме дека 2021 година ќе биде година на закрепнување, но во две фази. Првата фаза е очигледно онаа што ќе продолжи да биде оптоварена со многу високо ниво на несигурност“, рече Лагард на панелот. Светскиот економски форум во Давос, кој се одржува за прв пат во виртуелен формат од 25-29 Јануари, поради глобалната здравствена криза. 

    Еврозоната се соочува со зголемување на бројот на случаи на заразени со коронавирус, заострување на рестриктивните мерки и бавно воведување на вакцини, што му нанесува дополнителна економска штета на регионот, за кој се проценува дека паднал за повеќе од 7 проценти минатата година.

    Според Лагард, сегашното економско опкружување „допрва треба да го помине мостот што доведе до закрепнување и се чини дека преминувањето на тој мост ќе се одложи малку, но тој не треба да излезе од шините“, пренесува CNBC.

    Најновите економски податоци на ЕЦБ сугерираат економски пад во последниот квартал на 2020 година, што, според Лагард, „ќе има влијание и во првиот квартал на 2021 година“.

    Европската централна банка процени во декември дека бруто домашниот производ на еврозоната ќе изнесува 3,9 проценти во 2021 година, и 2,1 процент следната година, но тие предвидувања во голема мера зависат од развојот на пандемијата и брзината на вакцинирање на граѓаните.

    „Економијата за која зборуваме веќе не е иста“, додаде шефот на ЕЦБ.

    Минатата недела ЕЦБ одлучи да го задржи својот огромен пакет паричен стимул непроменет. Неговата програма за купување итни обврзници за пандемија, која може да трае до март 2022 година, изнесува дури 1,85 трилиони евра и има за цел да обезбеди поддршка на владите во еврозоната со поевтини трошоци за позајмица.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично