Загрижени потрошувачи ширум светот, нервозно ја преживуваат пандемијата на коронавирус, и со тоа го забрзуваат веќе брзиот тренд; движење кон безготовинска економија, пренесува „Аксиос“. Бидејќи купувачите го напуштаат купувањето во продавници и го заменуваат со купување преку интернет, многумина бегаат од готовината начин на плаќање и го заменуваат со „безконтактни“ кредитни и дебитни картички.
Употребата на банкомат опадна за 32%, вели Виза, при што 63% од потрошувачите користат во целост помалку пари. Падот не само што е воден од практичност, туку се храни и со перцепцијата дека „парите се валкани, а терминалите за плаќање носат микроби“.