ПОВЕЌЕ

    Централната банка на Англија:Купете криптовалути ако сте подготвени да изгубите сè

    Време зa читање: 2 минути

    Луѓето треба да купуваат криптовалути само ако се подготвени да ги изгубат сите пари, рече гувернерот на Банката на Англија, коментирајќи го вртоглавиот скок на догекоин, дигитален токен, создаден како пародија на криптовалутите во 2013 година.

    Гувернерот Ендру Бејли пред новинарите на прес-конференција за референтната каматна стапка на Банката на Англија изјави дека верува дека криптовалутите, како што се биткоин, етереум или догекоин, немаат никаква вредност.

    „Тоа го кажав неколку пати во последниве години. Се плашам дека немаат суштинска вредност. Тие имаат надворешна вредност, што им ја даваат инвеститорите. Централната банка има механизми да се заштити од какви било шпекулативни влијанија. Жал ми е, ќе мора повторно многу отворено да го кажам ова – купете ги, ако сте подготвени да изгубите сè “.

    Dogecoin порасна за повеќе од 20 000 проценти во текот на претходната година, а неговиот раст беше охрабрен од најавите на славните и рекламирањето на нивното купување на социјалните мрежи.

    Застапниците на криптовалутите тврдат дека дигиталните средства можат да бидат еден вид дигитално злато што им нуди на инвеститорите безбедно бегство од инфлацијата. Други дури веруваат дека крипто-валутите можат да станат поефикасно глобално средство за плаќање отколку сегашните системи за девизи.

    Но, гувернерот Бејли е скептичен. „Се плашам дека валутата и крипто се два збора што воопшто не одат заедно“, заклучи тој.

    Извршниот одбор на Банката на Англија, патем, вчера одлучи да ја задржи референтната каматна стапка на 0,1 процент, со очекување дека монетарните движења во оваа земја ќе бидат стабилни, а годишната инфлација да биде околу два проценти. Следната седница на Извршниот одбор ќе се одржи на 24 јуни годинава.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично