ПОВЕЌЕ

    Продадени 74,89 проценти од акциите на Фабрика Карпош

    Време зa читање: 2 минути

    Познат купувач станал сопственик на 224.000 акции издадени од Фабрика Карпош АД Скопје. Со вложените 62.720.000 денари, што соодветствува на износ од над еден милион евра, инвеститорот се стекнал со 74,89 отсто од акционерскиот капитал на компанијата.

    За реализираната блок-трансакција информира Македонска берза. Притоа, наведено е дека хартиите од вредност се платени по единечна цена за акција од 280 денари, а номиналната е 17,04 евра.

    Скопското АД за проектирање,производство и монтажа на бетонски префабрикати, станови, индустриски објекти, мостови и далноводи има издадено 299.112 акции. Просечната цена, произлезена од последното берзанско тргување од 9 декември е 350 денари. Инаку, во изминатите 52 недели се забележани само пет трансакции со вкупно истргувани 665 акции.

    Што се однесува до успешноста во работењето, третиот годинешен квартал е заокружен со приходи од 13,8 милиони евра и нето-добивка од 728,6 илјади евра.

    Прашањето е – ги продаде ли (и кому) Градежниот институт Македонија акциите од Фабрика Карпош? Всушност, оваа трансакција уследи по минатонеделниот блок, преку кој за повеќе од еден милион евра беа продадени 5.619 обични акции на ГИМ, количина што претставува 43,78 проценти од основната главнина на друштвото.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично