ПОВЕЌЕ

    Купени 7.206 акции на Стопанска банка Битола за 475 илјади евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    За блок-трансакција вредна 475 илјади евра информира утрово Македонска берза. Тој износ познат купувач го вложил во 7.206 акции на Стопанска банка Битола. И со тоа обезбедил 1,84 отсто од акционерскиот капитал.

    Трансакцијата е реализирана по единечна цена за акција од 4.050 денари. Оттаму, вредноста на блокот изразена во домашната валута е 29.184.300 денари.

    Инаку, номиналната вредност на оваа акција е 3.000 денари. Просечната, пак, постигната при последното берзанско тргување од четврти јули, е 3.230 денари.

    Во последно време, битолската Стопанска банка е во центарот на вниманието поради извесната можност во догледно време да премине во српска сопственост. Се работи за Алта Груп на Давор Мацура. Во моментот, постапката е во прекин, но не поради тоа што групацијата се откажува од намерата. Како што известија, преземањето нема да се изведе со Алта банка како што беше првично соопштено, туку со друг субјект.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично