ПОВЕЌЕ

    Куба го елиминира данокот на американскиот долар

    Време зa читање: < 1 минутa

    Куба има намера да го укине данокот на официјалниот курс на доларот од 10 проценти, со цел да ги ублажи последиците од пандемијата на коронавирусот и да ја надомести загубата на приходот од туризмот.

    Данокот е воведен во 2004 година и поттикнува создавање паралелен црн пазар на американската валута.

    Кубанската влада сега има намера да го укине тој данок со цел да привлече повеќе различни девизи во земјата. Владата признава дека оваа одлука е забрзана поради пандемијата на коронавирусот и загубата на приходите од туризмот, но потенцира дека не планира да ја „доларизира“ земјата.

    72 од вкупно 4.800 продавници под државна контрола ќе започнат да прифаќаат и плаќања во долари за храна и средства за хигиена, иако тоа нема да биде во готовина, туку исклучиво со платежни картички поврзани со сметки во долари.

    Минатата година, владата одобри плаќање во долари за апарати за домаќинство и автомобили во одредени продавници со цел да се сузбие црниот пазар на долари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично