ПОВЕЌЕ

    Крвната слика на фирмите не е лоша – компаниите покажуваат отпорност – Маја С. Штериева во „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    Маја С. Штериева, член на Управниот одбор на Комерцијална банка, зборува за реалната состојба на македонската економија во услови на глобални шокови, инфлација и геополитичка неизвесност. Таа објаснува дека и покрај песимизмот кој доминира во јавниот дискурс, резултатите на компаниите покажуваат поинаква слика – најголем дел од фирмите успеваат да останат профитабилни и да се адаптираат. За илустрација, од котираните компании  на Македонската берза, со септември оваа година повеќе од 70% имаат позитивен финансиски резултат, а повеќе од 80% имаат пораст на добивката во однос на претходната година, иако работат во променливо деловно опкружување.

    „Воопшто не е лошо, во една реченица. Но, сепак малку повеќе треба да проговориме за тоа. Македонските компании, морам да бидам искрени, работат во релативно нестабилни услови. Ако се зиме во предвид, дека Македонија е мала, отворена економија која што е значително вмрежена во светските трговски текови. Така што, ако се зиме сето тоа во предвид, може да кажеме дека нивните резултати во изминатите години, во изминатиот период, воопшто не се лоши споредено со она дека често ние слушаме поплаки во поглед на тоа како им оди, нормално е, нели, убаво е што секогаш компаниите посакуваат и подобро и повеќе да се развиваат…“

    Следете нè и притиснете „subscribe

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично