ПОВЕЌЕ

    КРУЗЕР НА ROYAL CARIBBEAN ГО ПРЕКИНА КРСТАРЕЊЕТО по крвава тепачка меѓу патници и се врати во Мајами

    Време зa читање: 3 минути

    Крузер на Ројал Карибиан беше принуден да се врати во пристаништето во Мајами откако избувна тепачка на бродот, при што двајца патници беа хоспитализирани со сериозни повреди. Полициски сили и екипи на Брзата помош го пречекаа крузерот Wоnder of the Seas („Чудото на морињата“) кој се врати во Порт Мајами во понеделникот, по пријавите за тепачка на бродот помеѓу двајца патници, објави WSVN.

    Инцидентот се случил на 15 септември, околу 18:48 часот, за време на првиот ден од четиридневното крстарење на Бахамите. Според службениците од Канцеларијата на шерифот Мајами-Дејд , вербалната расправија меѓу патниците ескалирала во физичка пресметка. Капетанот на бродот донел одлука да се врати во пристаништето и да ги извести локалните власти.

    Еден патник на бродот изјави за Local10 дека видел луѓе како трчаат во близина на базенот пред капетанот да објави дека бродот ќе се врати во пристаништето поради повреден гостин кој треба да биде хоспитализиран.

    Базенот беше ограден со јажиња кога бродот се врати во пристаништето, додаде сведокот.

    Двајцата повредени патници биле однесени во болницата „Џексон Меморијал“ по враќањето во Мајами. Нивната состојба не беше позната во вторник.

    Видеото споделено од WSVN покажа лице натоварено на носилка веднаш надвор од амбулантното возило Мајами-Дејд. Властите не го прецизираа бројот на лица вклучени во тепачката или причината за тепачката. „Нашиот тим им пружи медицинска помош на возрасните гости кои беа вклучени во расправија на бродот, а гостите се лекуваат од повредите“, изјави портпаролот на Ројал Карибиан во соопштението.

    Компанијата Ројал Карибиан изјави дека ги известила властите во Мајами за инцидентот и соработува во нивната тековна истрага за расправијата.„Бидејќи ова е тековна истрага, немаме повеќе информации да споделиме во овој момент“, соопшти Ројал Карибиан.

    Крузерот Wonder of the Seas е брод наменет за крстарење, управуван од компанијата Ројал Карибиан Интернешнл. Изградбата на бродот беше завршена во 2022 година во бродоградилиштето Шантиер де л’Атлантик во Сен Назер, Франција, петти во класата на крузери Оаза на Ројал Карибиан. Тежок 235.600 тони, овој брод тој беше најголемиот крузер по бруто тонажа на светот сè додека во 2024 година не беше надминат од крузерот од класата Икон, „Икона на Морето“, исто така во сопственост на „Ројал Карибиан.

    „Чудото на Морето“ има 362 м во должина и има бруто тонажа од 236.857 тони. Овој брод има капацитет за сместување на 5.734 патници во двоен кабински простор или до максимум 6.988 патници, како и екипаж од 2.300 лица. Има 16 палуби за гости, 20 ресторани, четири базени и 2.867 кабини.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично