Скандалот во Сојузот на стопански комори доби и правна форма – поднесена е кривична пријава! Потпретседателот на ССК, Горан Ѓеорѓиевски, во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ потврдува дека лично поднел кривична пријава заради сомнежи за нерегуларности при одржување на Собранието и фалсификувани записници. Дали обвинителството ќе реагира брзо, и што следува понатаму за комората?
„Имам информации дека кривичната пријава е прифатена и дека се работи на неа.
Го зборите ли на Управниот одбор?
Немаше шанса да го збориме на Управниот одбор после толку време, затоа што не е свикан наш Управен одбор и затоа што Управниот одбор треба да го свика претседателот. Јас не можам како потпретседател да го свикам Управниот одбор. Така е поставено.“