Цената на Биткоин продолжува да паѓа по изјавата на Маск дека повеќе не дозволува купување на Тесла автомобили со оваа дигитална валута. Во моментов Биткоин бележи пад на вредноста од дури 11 проценти и трендот на опаѓање продолжува. Една паричка од оваа криптовалута сега чини 50.418 долари, а само пред неколку дена се подготвуваше да го прескокне отпорот од 60.000 долари.
Во црвено се и останатите потргувани криптовалути. Етереум падна под 4.000 долари. Во моментов етер чини 3.873 долари, а бележи пад од 9,80%.
Многу повиканата Догекоин во последно време исто така забележа поголем пад од 17,76 проценти, сега чини 0,41 долар.
ХРП падна за 9,97 проценти и сега се продава за 1,33 долари.